Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОМАНИЈА БЕСНЕЕ: Оставката на Понта не ги смири демонстрантите

РОМАНИЈА БЕСНЕЕ: Оставката на Понта не ги смири демонстрантите

Оставката на премиерот на Романија, Виктор Понта не ги смири целосно демонстрантите во Романија. Нивниот број вчера вечерта беше речиси на половина во споредба со претходните денови - околу 7.000 лица.

Вчера попладне претседателот Клаус Јоханис го назначи за министер за образование Сорин Кампеану за привремен премиер. Претседателот изјавил дека има намера да ги покани не само политичките сили во земјата, туку и претставници на граѓански организации и на демонстрантите во преговорите за составување на нова влада.

Причина за масовните протести во земјата е инцидентот во ноќен клуб во главниот град Букурешт, каде што загинаа 32 лица, а над 200 се повредени. Многу од нив се'уште се во тешка состојба.

Слично

Поврзани вести