РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?
Романците се соочуваат со највисока инфлација, а Данците и Италијанците со најниска. Kaко што објави Евростат, годишната стапка на инфлација во еврозоната се намалила на 2,6 отсто во февруари, во однос на 2,8 отсто во однос на јануари. Но, таа и понатаму е над таргет инфлацијата во Европската централна банка од 2 отсто.
Податоците од јануари 2024 година покажуваат дека годишната инфлација се движела од 0,9 отсто до 7,3 отсто во ЕУ. Романија е земја со највисока стапка на инфлација од сите земји членки на ЕУ, со стапка од 7,3 отсто. Потоа следуваат Естонија со 5 отсто, Хрватска со 4,8 отсто и Полска со 4,5 отсто.
Откако почна војната во Украина во 2022 година, европските држави се соочија со инфлација.
Слично
