Роковите пробиени, Европа притиска, без повидок на договор за експертите на ДИК
Покрај истечените рокови, и притисокот на меѓународниот фактор да се комплетира составот на ДИК, партиите сѐ уште се „сопнуваат“ на експертите за Државната изборна комисија.
Членовите на работната група на четирите партии на вчерашната средба беа со прилично голем песимизам и без очекувања дека може да се случи драстично поместување од првичните позиции.
Она што ги закочи преговорите се експертите и имињата кои треба да влезат во составот на новата државна изборна комисија. Договорот од Пржино предвидува оние што ќе се изберат во новиот состав на ДИК да се прифатливи за сите политички партии. Исто така договорот од Пржино предвидува ДИК да има девет членови од кои тројца ќе ги предлоќи власта, тројца опозицијата и тројца експерти. Претседател и заменик претседател на ДИК ќе се избираат од редовите на експертите.Евроамбасадорот Орав со загриженост за ставовите и застојот на преговорите.
Тој предупреди дека е потребно наоѓање на брзо решение и избор на тројца експерти.
Според законската регулатива, доколку политичките партии не постигнат согласност, собраниската Комисија за избори и именувања треба да ги предложи тројцата кандидати за експерти во ДИК.
Слично
