Рокот за пријавување на данок истекува на 15 март
Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните дека рокот за поднесување на годишна даночна пријава е до 15-ти март. Досега 104.773 граѓани веќе ја исполниле обврската за поднесување Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, од кои 467 ја искористиле можноста за пријавување на приходите преку електронските даночни сервиси.
Бидејќи во наредниот период се очекува уште околу 100.000 граѓани да ги поднесат своите даночни пријави, од УЈП апелираат да не се чекаат последните денови пред истекот на крајниот рок за да се избегнат метежи во даночните канцеларии.
Годишната даночна пријава (образец ПДД-ГДП) е бесплатна и може да се преземе преку веб страницата на УЈП или во даночните канцеларии на УЈП.
Регионалните дирекции и Даночните одделенија работат секој работен ден од 08.30 до 18 часот и сабота од 08.30 до 14 часот. Даночната пријава може да се поднесе и во Контакт центарот Скопје (ГТЦ 2-ри кат, над кино Милениум) секој работен ден и сабота од 09 до 20 часот.
Пријавата може да се поднесе и преку Мобилните даночни шалтери кои ќе бидат присутни во следните општини и населени места: Конче, Центар Жупа, Лозово, Петровец, Пласница, Зрновци, Желино, Карбинци, Јегуновце, Чашка, Ѓорче Петров, Теарце, Лозово, Аеродром (погледнете овдека).
