Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рокот за поднесување барање за легализација на дворовите заврши

Рокот за поднесување барање за легализација на дворовите заврши
Истече рокот за приватизација на дворното место. Граѓаните и фирмите кои не поднесоа барања, а се сопственици на градежно земјиште на кое имаат изградено куќи, станови, деловни простории, гаражи и други посебни делови, во иднина ќе имаат обврска да и плаќаат закуп на државата. До истекот на крајниот рок биле поднесени повеќе од 250 илјади барања, информираат од министерството за финансии, а подносителите на овие барања ќе можат по цена од едно евро за метар квадратен да ги приватизираат своите дворови. Дел од ѓраѓаните го чекаа последниот  ден  да поднесат барање до Комисијата за имотно правни  работи. Агенцијата за катастар во рок од една година ќе ги избрише сите кориснички права кои се евидентирани на градежното земјиште и ќе се запишат поднесените барања. Од Комисијата велат дека денеска  ги примат дури и оние барања кои се нецелосни, како и барањата  кои ќе стигнат по пошта.
Слично

Поврзани вести