Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рокот за поднесување електронски ДДВ пријави истекува на полноќ

Рокот за поднесување електронски ДДВ пријави истекува на полноќ

Вечерва на полноќ истекува рокот за поднесување на ДДВ-пријавите до Управата за јавни приходи (УЈП) за месечните ДДВ обврзници.

- Користејќи ги бенефитите од електронската комуникација, фирмите кои се уште не се усогласиле и кои не поднеле ДДВ пријава до УЈП, ќе можат да го сторат тоа во текот на денешниот ден најдоцна до 23.59 часот, со што ќе се смета дека ја исполниле својата законска обврска во пропишаниот рок, посочуваат од УЈП.

Со тоа официјално почна да се применува новата законска обврска за месечните ДДВ обврзници за задолжително пријавување на ДДВ по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/, што стапи на сила од 1 јануари годинава.

Праксата со воведувањето на секоја новина во даночното работење, велат од Управата, покажува дека фирмите секогаш ги чекаат последните рокови.

- И покрај активната кампања на УЈП за информирање и обука на фирмите и сметководствените бироа, која се спроведе во периодот октомври-декември 2012 година, поголемиот дел од обврзниците електронските ДДВ-пријави ги доставија до УЈП во последните три дена, нагласуваат од УЈП.

Според последната евиденција на УЈП, од вкупно 4.594 месечни ДДВ обврзници, само 186 фирми се немаат регистрирано за користење е-Даноци

Слично

Поврзани вести