Рокот за паушално оданочување истекува на крајот на декември
Од УЈП потсетуваат дека до крајот на декември годинава можете да се пријавите за паушално оданочување на персоналниот данок на доход.
Право на паушално оданочување имаат сите оние кои обавуват самостојна дејност (занаетчија, верско лице и др.) и не се во состојба да водат деловни книги или водењето на деловните книги ви го отежнува вршењето на дејноста
Како најлесно да се регистрирате за паушално оданочување?
Најдоцна до 31 јануари 2016 година на шалтерите на УЈП треба да поднесете: 1. образец “УЈП-РДО/З“- Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност (преземиhttp://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/104); 2. образец “ПДД-ПЗ“- Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (преземиhttp://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/103).
Доколку веќе сте регистрирани во УЈП и доделен ви е даночен број (ЕДБ) како вршител на земјоделска дејност тогаш треба да поднесете само Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“).
Подетално прочитајте на страната на УЈП тука.
Од оваа институција соопштија дека oние чиј приход од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари може да се пријават данокот на доход да го отплаќаат паушално, потенцирајќи дека регистрацијата за паушално оданочување овозможува персоналниот данок да се плаќа еднаш во годината без дополнителни трошоци за водење на деловни книги.
