Рокот за избор на компанија што ќе ја гасифицира источна и западна Македонија продолжен до 15 февруари
Најдоцна до 15 февруари треба да се заокружи првата фаза за доделување на договорот за јавно – приватно партнерство за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа во 63 општини во источна и западна Македонија.
Во овој рок треба да бидат доставени сите пријави за учество во јавно – приватно партнерство за изградба на оваа дистрибутивна мрежа.
Според пресметките на Владата во источна и западна Македонија две компании треба да изградат дистрибутивна гасоводна мрежа во должина од 650 километри, односно да инвестираат 150 милиони евра во гасификацијата на земјава.
Избраните компании ќе треба да го изведат дистрибутивниот гасовод до крајните потрошувачи, да вршат дистрибуција на природен гас и да управуваат со системот за дистрибуција., а со тоа ќе се стекне со право на концесија над истиот во времетраење од 20 години со обврска за годишен надоместок во државниот буџет од еден процент од добивката.
Наскоро треба да заврши и изборот за дистрибутивна гасоводна мрежа за скопскиот регион меѓу италијанската компанија „ЦПЛ Конкордиа“ и турската компанија „Аксо енерџи“
Слично
