Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОКОТ ИСТЕКУВА: Ако не поднесете даночна пријава во УЈП ќе платите казна

РОКОТ ИСТЕКУВА: Ако не поднесете даночна пријава во УЈП  ќе платите казна

Уште десетина дена имате да поднесете годишна даночна пријава. 

На 15 март истекува рокот за пријавувањето на годишната даночна пријава во Управата за јавни приходи. 

Годишна даночна пријава се доставува доколку во текот на  2016 година граѓанинот остварил приход по основ на кирија, за склучен авторски договор, за исплатен регрес за годишен одмор (К 15), дивиденда или камати по основ на заем, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од општите игри на среќа (од лото, бинго, квизови, наградна игра и сл.) во износ поголем од 5.000 денари, продажба на цврст отпад, лични примања од странство, како и доколку лицето е работно ангажирано во амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, односно има лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ или пак остварува лични примања кај претставници и службеници на претставништвата кои уживаат дипломатски имунитет.

Добивките од посебните игри на среќа  како казино, автомат клуб или обложувалница остварени во текот на 2016 година, не треба да се пријават во годишната даночна пријава.

Бројот на граѓаните кои пријавуваат даноци од година во година расте. Од УЈП велат дека во 2016 година се доставени над 400.000 даночни пријави. Очекуваат бројот на пријави да се зголеми.

Ако оваа обврска не се исполни во предвидениот рок, следат казни од 100 до 200 евра. 

Пријавувањето на годишниот данок граѓаните може да го вршат директно во просториите на УЈП, преку електронскиот пат на веб страната на УЈП или пак  преку пошта.

Слично

Поврзани вести