РОКОТ Е ПРИ КРАЈ: 30 000 спорни гласачи ќе се избришаат од избирачкиот список?
До полноќ граѓаните кои се најдоа на списокот на ДИК како спорни гласачи имаат можност да се пријават и на следните избори да можат да го остварат гласачкото право.
Се поизвесно е дека над 30 000 граѓани ќе бидат избршани од Избирачкиот список, имајќи го предвид фактот дека досега идентитетот го докажале 8611 граѓани.
ДИК до моментов има прифатено над 8400 апликации, од кои 126 се во обработка, а во фаза на разгледување се 41 апликација.
Следна шанса да излезат на следните избори во најава, спорните гласачи ќе имаат кон средината на октомври кога ќе има јавен увид во списокот со избирачи.
Бројките наведуваат на заклучок дека нема повеќе од 1,5 милиони гласачи?
На денешната прес конференција Дамјан Манчевски во име на СДСМ ја изјави важноста за нивната партија дека прво на списокот за гласање ќе ги има фотографиите на галсачите со што значително ќе се намали можноста за злоупотреба на туѓ идентитет на гласање. „Но, она што ибројките го покажуваат е, не се само овие, да не ги забораваме и дополнителните 172.000 гласачи коишто според анализите на бази на податоците не се во моментов во Македонија, не наведува до клучниот заклучок, дека во Македонија нема повеќе од 1.500.000 гласачи, она што цело време го тврдиме“, потенцираше Манчевски.
