РОКОТ Е ДО УТРЕ: Близу 7000 спорни гласачи пријавени во ДИК-проверете го списокот!
ДИК до денеска добила 6948 апликации за регулирање на избирачкото право.
Рокот истекува утре-19 август, а имајќи го предвид фактот дека се регистрирани близу 40 000 спорни гласачи, одѕивот е мал.
Од вкупно поднесени 6948 апликации ДИК до моментов прифатила 6675, во обработка се 94 а во фаза на разгледување се 177.
39 502 треба да се појават во ДИК или преку електронски пат да го докажат идентитетот за да можат да го остварат избирачкото право на следните избори.
Доколку спорните гласачи не се пријават во предвидениот рок кој е 25 дена за да ги расчистат сите неправилности во однос на податоците, ДИК ќе има право да ги избрише.
Доколку се уште не сте ги провериле вашите податоци, направете го ова тука!
Слично
