Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рокади во Стопанска банка АД – Скопје, Бојан Стојановски е новиот член на Управен одбор

Рокади во Стопанска банка АД – Скопје, Бојан Стојановски е новиот член на Управен одбор

Бојан Стојаноски стана нов член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје. 

Тој претходно бил ангажиран во Управен одбор на Халк банка. 

Инаку, Димитриос Христопулос поднел оставка од позицијата член на Надзорен одбор на Стопанска банка АД Скопје. 

Стопанска банка АД – Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на Банката.

Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје го именува Бојан Стојаноски за член на Управниот одбор – Генерален директор за управување со ризици на Стопанска банка АД – Скопје, кој оваа позиција ќе ја преземе од долгогодишниот член на Управниот одбор, Тони Стојановски.

Мандатот на новоизбраниот член на Управниот одбор ќе биде четири години од датумот на стапување во сила на оваа Одлука.

„Претседателот или Заменик претседателот на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје е овластен да го потпише Менаџерскиот договор со Генералниот директор за управување со ризици и член на Управниот одбор” – се вели во соопштението на Банката.

Оваа Одлука е со важност од денот на донесувањето и стапува во сила на денот на добивање на потребната согласност од страна на Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија.

Во согласност со новите измени, Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје го сочинуваат: Диомидис Николетопулос – Генерален Извршен Директор и Претседател на Управен Одбор, Тони Стојановски – Генерален Директор за корпоративно банкарство, член на Управен Одбор, понатаму Милица Чапаровска – Јовановска – Генерален Директор за банкарство на мало, член на Управен Одбор и Бојан Стојаноски – Генерален директор за управување со ризици, член на Управен Одбор. 

Слично

Поврзани вести