Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ројтерс: Македонија стана атрактивна за странските купувачи на нејзините обврзници

Ројтерс: Македонија стана атрактивна за странските купувачи на нејзините обврзници

Македонија стана атрактивна дестинација за странските инвеститори кои засилено ги купуваат македонските државни обврзници по ратификацијата на Договорот од Преспа, пишува агенцијата Ројтерс. Истовремено таков тренд бележи и Грција која е втората страна од спогодбата.

„Македонија е кредит кој се движи во вистинска насока. По Договорот, многу скоро ќе ја видиме земјата во НАТО и кандидат за членство во ЕУ“, коментираше Марк Даудинг, менаџер во Фондот „Блу Беј Асет менаџмент“. 

И други аналитичари прогнозираат дека македонските обврзници во наредниот период би можеле да носат уште поголем профит и ќе се бараат на големо, објави Дојче Веле.

„Во наредниот период нѐ очекува позитивен моментум со потпишувањето на Протоколот за членство во НАТО и позитивни изјави за почеток на преговорите за членство кон средината годината“, вели Триу Фам од ИНГ банката.

Македонската државна обврзница веќе ја достигна својата најголема вредност.


Слично

Поврзани вести