Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОЈТЕРС: Македонија ја реиздава еврообврзницата

РОЈТЕРС: Македонија ја реиздава еврообврзницата

Македонија ја реиздаде 7 годишната еврообврзница со камата од 5 %, објави агенцијата Ројтерс.

Еврообврзницата од денеска повторно се нуди на европските берзи.

Постапката за нејзино издавање беше прекината минатата недела затоа што опозициската СДСМ испрати писмо до потенцијалните инвеститори во кое напиша дека издавањето е незаконско.

Од СДСМ вчера информираа дека Владата преку вицепремиерот Владимир Пешевски остварила телефонски разговор со потенцијални инвеститори, а на средбата присуствувале и министерот за финансии, министерот за информатика, заменик министерот за правда и гувернерот Димитар Богов.

Се работи за еврообврзница која „тежи“ 650 милиони евра.

Во јавноста имаше бројни реакции за петтата по ред еврообврзница. Многу партии, невладини организации, па и граѓани кои се потпишаа на онлајн петиција беа против ова задолжување кое ќе биде на товар на идните генерации.

Слично

Поврзани вести