Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рогозин: Србија да ја модернизира војската, но тоа чини!

Рогозин: Србија да ја модернизира војската, но тоа чини!

Дмитриј Рогозин рекол дека Србија значајно би ја модернизирала војската ако реализира набавка на оружје од Русија, но дека проблемот е што таквата набавка чини.

Заменик претседателот на Владата на Русија во интервју за српски медиуми рекол дека постои барање Србија да набави оружје од Русија, не сакал да прецизира за кое вооружување се работи, со оправдание дека тоа треба да го соопштат српските претставници.

„Тоа се најразлични видови (оружје), воглавно одбрамбени системи. Се однесуваат и на авијацијата и копнените сили. Ако го реализираме тоа барање, ќе можеме силно и значајно да ги модернизираме вооружените сили на Србија“, рекол рускиот претставник.

Според неговите зборови, проблемот е само во тоа што таквата набавка бара пари.

„Можеме да говориме за овластени услови, но сепак чини. Србија, сега, како и Русија, е во сложена економска ситуација и затоа ни претстои сето тоа да го разгледаме во наредниот период“, рекол Рогозин.

Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин е запознаен со случувањата на Балканот и со намерата Хрватска да набави ракети кои можат да ја загрозат и Србија.

„Путин се знае“, рекол потпретседателот на руската влада.

Рогозин навел дека му е разбирлива загриженоста на Владата на Србија поради вооружувањето на Хрватска и го парафразирал Бизмарк дека секогаш треба да се гледаат потенцијалите , а не намерите.

Рогозин уште кажал дека за Руската Федерација е „неприфатливо“, Црна Гора да влезе во НАТО.

Слично

Поврзани вести