Економија, финансии, бизнис

Контакт

Роднина на Тито мизерува во сиромаштија

Роднина на Тито мизерува во сиромаштија

Еден од потомците на југословенскиот лидер, Јосип Броз Тито, денеска е во тешка финансиска состојба и вели дека успеал да стигне до просјачки стап.

Внукот на Тито, Јосип Јошка Броз во интервју за српскиот неделник „Newsweek ”вели дека  никогаш во животот не бил во потешка ситуација и се пожали дека „живеел како куче”

Живеам како што морам. Во станот не вклучувам греење, се возам со автобус, луѓето ме частат, ме покануваат на ручек, а мене не ми требаат дневно пет оброка, доволен ми е само еден. Но, на кого воопшто го интересира што сега живеам како куче – рекол Јошка Броз.

Јошка истакнал дека живее од 18.000 динари пензија од кои на ќерката од 10 години и плаќа алиментација од 2.800 динари за часови по француски јазик, бидејќи неговата поранешна жена, како што вели „сè продала“.

Слично

Поврзани вести