Економија, финансии, бизнис

Контакт

Родителските одат во историја? Родителите се информираат со СМС за своето дете

Родителските одат во историја? Родителите се информираат со СМС за своето дете
Вкупно 212.690 родители неделава ја искористиле можноста за успехот на своето дете на училиште да се информираат преку СМС порака, што претставува зголемување за околу 50% во однос на неделите во ноември 2013, кога за првпат беше воведена ваквата услуга, информираше министерот за образование и наука Спиро Ристовски. „Родителите и старателите го практикуваат овој начин на информирање за состојбите на нивните деца во училиште и повеќе не се чекаат само родителските средби“, рече тој. Освен ова, за секоја поважна промена во училишниот успех и поведение, најголем дел од родителите веднаш реагираат, самостојно ги интензивираат посетите и средбите со класните раководители и другите наставници и остваруваат непосреден контакт за да се информираат за се што ги интересира поврзано со нивните деца – ученици, информирале раководствата на училиштата. Во однос на јазикот, на кој се испратени пораките, 170.780 се на македонски, 40.324 на албански и 1.586 на турски јазик. Информирањето на родителите за состојбата на учениците еднаш неделно преку СМС пораки е дел од проектот „Информиран родител“, во чии рамки беше воведен електронски дневник, кој овозможува брз и едноставен увид во информациите од дневникот во пишана форма.
Слично

Поврзани вести