Економија, финансии, бизнис

Контакт

Родителите на приведените во Ѓорче Петров бараат пуштање на нивните деца

Родителите на приведените во Ѓорче Петров бараат пуштање на нивните деца
Повеќе од 16 часа родителите на приведените во вчерашните немири во Ѓорче Петров се пред полициската станица „Пролет“, каде што се задржани нивните деца и бараат да бидат пуштени на слобода. Веднаш по инцидентите и веста за приведувањето на учесниците во протестите, од кои неколкумина се и малолетни, нивните родители ноќта ја поминаа пред полициска станица за да видат што ќе се случува со нивните деца. Велат дека не знаат зошто се задржани нивните деца и колку време ќе останат во полициска станица. Според нивната верзија, децата не правеле ништо лошо во моментот кога биле приведени од полицијата. Во вчерашните инциденти во Ѓорче Петров беа приведени 27 лица. Тие протестираа поради убиството на матурантот Ангел Петковски и се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да се упатат кон Сарај, објави МВР. Полицијата најави дека по комплетирањето на случајот против нив ќе бидат поденсени соодветни пријави.
Слично

Поврзани вести