Родителите на 12-годишната Анамарија, правдата ќе ја бараат на суд
Кривична пријава против три лекарки од Клиниката за инфективни болести, поднесоа родителите на 12- годишната Анамарија која почина неколку часа откако, откако била однесена да прими инфузија.
Основното јавно обвинителство покрена истрага против лекарската екипа, а врз основа на истрагата ќе одлучи како да постапи понатаму.
Тажната судбина на девојчето, ја вознемири јавноста, откако татко и објави писмо во кое детално опишува како згасна животот на Анамарија.
По ненадејната смрт на нивната ќерка, родителите побарале објаснување од многу лекари.
Се претпоставува дека срцето на девојчето откажало поради албумините кои и биле дадени(за кои лекарите требало да побараат дозвола од родители) и од гликозата која и била дадена и покрај високиот шеќер во крвта кој бил дури (16 единици).
Од Министерството за здравство демантираа дека имало било какви пропусти во лекувањето. Извршниот надзор формирал две комисии кои не констатирале никакви недостатоци во укажаната лекарска помош.
Сепак, за родителите на Анамарија овој одговор не е прифатлив. Тие ќе продолжуваат да лутаат по бирократските лавиринти на здравствените и судските институции, се додека конечно не ја дознаат вистината за смртта на нивната ќерка.
