Економија, финансии, бизнис

Контакт

Родители во Битола побараа децата да не трпат заради штрајкот во образованието

Родители во Битола побараа децата да не трпат заради штрајкот во образованието
Унијата на советите на родители од основните и средните училишта во Битола преку соопштение објавија дека не се согласуваат со повикот да не се оди на настава в понеделник на 29 септември, заради најавениот шрајк на наставниците, објави ТВ Тера. Во нивната реакција, родителите велат дека е жално да се наметнува таква идеја на родителите и учениците, бидејќи „основното и средното образование е задолжително“ и со закон регулирано и додаваат дека „на учениците им е местото во училишните клупи, а не да бидат инструмент за манипулација од било каков вид“. „Потполно објективно, аполитички и нетендециозно молиме да се остават децата настрана од било какви намери и активности кои се поврзани со најавениот штрајк, бидејќи непосетувањето на настава во Македонија е казниво со закон. Местото на учениците е во училишните клупи, а правата се остваруваат со преговори на институционално ниво, а не со бојкот на наставата“, велат тие. Како Унија на советите на родители не сакаат изгубените часови, учениците да ги надополнуваат во нивното слободно време и тие бараат учениците, родителите и наставниците да не се ставаат во шах-мат позиција. Велат дека ќе ги поддржат наставниците секогаш, но не на штета на нивните деца, не на штета на наставно едукативниот процес кој директно влијае врз формирањето на линочноста. Апел до учениците да дојдат на училиште во понеделник денеска упатија и директорите на битолските средни училишта. Тие денеска имаа средба со локалната самоуправа. „Ќе обезбедиме непречен процес на воспитно-образовната работа. Децата, односно учениците, и во средното и во основното образование да си дојдат на настава и упатуваме повик до родителите да ги пратат своите деца на настава“, вели Билјана Рахманова Талевска, директор на ОУ „Стив Наумов“ во Битола. „Наставниците кои ќе штрајкуваат се во многу мал број. Така што за нив имаме и соодветна замена, затоа што мора во сите училници, во сите одделенија, да влезе наставник. Не смееме децата да ги оставиме сами“. велиЉупчо Стефановски, директор на ОУ „Крсте П. Мисирков“ - Бистрица.  
Слично

Поврзани вести