РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ! Интернет воајери ги демнат децата!
Природно и нормално е младите да сакаат да се дружат со своите врсници и со нив да споделуваат тајни, радости, фотографии. Но никој не смее да ја нарушува нивната приватност, ниту да ги искористува за лични или политички цели-порачува психологот Милка Ололовска. Според неа брзото темпо на живеење и развојот на модерната технологија со која рапидно се искористуваат социјалните мрежи, обезбедува полесна коминикација но и опасност дека некој демне и малолетници.
“Со оглед што станува збор на малолетни лица и млада популација, сведоци сме дека има пониска возрасна граница за користење на интернет, повеќе желба да се постираат слики, да се играат игри или да се допишуваат. И тоа е во ред додека не се помине границата. А, која е границата? Тоа е поставување информации кои ќе се објават јавно, а останати лични или семејни фотографии, информации или објави кои ќе бидат за одредена група на луѓе кои самиот корисник ќе ги избере. Ова го велам бидејќи малолетни лица можат лесно да станат жртва на интернет мобинг или малтретирање поради својата невиност и наивност и желба да бидат во чекор со своите врсници”-објаснува Ололовска.
Родителите според неа се најповикани да ги заштитат своите деца, да ги следат содржините на пораките, комуникацијата со кого нивните деца се допишуваат, понекогаш и да ги погледнат сликите и пораките. Тие додава, се првата алка на комуникацијата со децата.
“Младите луѓе немаат критички однос ни кон себе од аспект што пласираат, ниту кон возрасните дека може да имаат лоши намери и тоа да го злоупотребат. Со желба да привлечат внимание, да бидат забележани, подготвени се да изнесуваат податоци, вистина за себе, често се достапни за луѓето кои имаат патологија во своето поведение или станува збор за патолошка личност која тие информации може да ги развие за свои лични цели и интереси, педофилија и сл, а детето да не биде свесно за тоа. Младите луѓе неможат однапред да ги предвидат последиците, но самата забележаност, возбуда дека некој за нив покажува интерес им е интересна и несвесно може лесно да влезат во некоја асоцијална мрежа на луѓе кои имаат перверзни намери или ги користат за лични или политички цели. Последиците може да бидат многу тешки по однос на младата личност, во смисла трауматични чувства и доживувања што може директно да влијаат на сликата која младата личност ја гради за себе”-потенцира Ололовска.
Користењето на интернетот, вели иако нуди спектар на можности и информации за полесна коминикација, не е едноставен процес како што навидум изгледа. Дополнително, родителите треба да градат доверба на која ќе се темели реалната коминикација и повикот за помош од најранливите-децата.
“Детето си се занимава, не не гњави- често умеат да кажат родителите. И тоа е најголемата грешка. Тогаш децата се најсигурни, а од друга страна најранливи. Родителите немаат увид со кого комуницираат, кој стои од другата страна. Често се наведуваат лажни профили, па немате точен увид. Треба да се гради доверба помеѓу родителите и децата. Не да се шпиунира детето, туку напротив да му се остави простор да биде самостојно, но да се изгради критериум како, со кого комуницира и контактира, кои се неговите желби и потреби. Во ова модерно време се има се, само не доволно време за себе и најблиските. Бидејќи интернетот е масовна појава и се поприсутен, често ја губиме способноста за контрола, а овие асоцијални возрасни луѓе со со психопатска структура тоа лесно ќе успеат да го искористат” -додава Ололовска.
Комуникацијата на интернет и преку социјалните мрежи, според неа е креативна, интересна но не и наивна игра. Иако имаме Закони за детска заштита и заштита на личните податоци, меѓународни конвенции, тие често не се почитуваат. Но од друга страна тенка е границата да се направи строга дистинкција, кога се работи за интернет малтретирање.
“Во склоп на закон треба да се одредат забрани за пристап и за комуникација. Децата треба да бараат отворено помош од родителите за секој проблем кој ќе го детектираат особено кога некој ќе ги користи новните податоци или фотографии и ќе гради перфидна мрежа која ја шири како пајажина и ги лови младите. Последиците знаат да бидат трауматично искуство исто како детето да е сведок на семејно насилство. Ако вметнете дете во вашиот патолошки начин на општење и не водите сметка за последиците , станува збор за болна личност. Децата никогаш не се виновни, тие едноставно се наивни и ранливи и лесна мета за бескрупулозни личности. Затоа мора алармот за заштита и контрола да биде постојано вклучен. Во адолсеценција хормоните си ја раскажуваат својата приказна, сексуалните пориви се будат, а младите имаат потреба да се забележани. Адолесценцијата е период на бунт спрема родителите и насока да се биде забележан, отскокнува од просечноста, се пласираат селфи фотографии кои младите го третираат за игра и забава. Но никако возрасните неможе да се правдаат дека им попуштиле моралните критериуми”-потенцира психологот.
Младите вели имаат потреба да бидат забележани, сакаат слобода и комуникација, се поистоветуваат со нивните светски идоли, но лесно стануваат мета за злоупотреба. Затоа треба да знаат за сите замки и болни интенции на возрасни луѓе кои ги демнат со цел да им нанесат лична или семејна навреда. Децата, според Ололовска не може да предвидуваат до каде може да оди болен ум на возрасен човек, па затоа треба да ги користат сите алатки за заштита кои ги нудат социјалните мрежи, отворено да комуницираат со своите родители, а надлежните да најдат начин институционално да ги заштитат кога нивните права се прекршени, бидејќи додава -нема оправдание за ниедна повреда на дете.
С.Б.

Слично