Економија, финансии, бизнис

Контакт

Родители внимавајте, 5 илјади деца годишно се жртви на труење!

Родители внимавајте, 5 илјади деца годишно се жртви на труење!
Внимавајте на вашите деца, невниманието и љубопитноста можат да бидат фатални кога се однесува на пиењето или пробувањето на непознати течности или материи, предупредуваат лекарите. Податоците на скопската детска клиника покажуваат дека годишно се примаат околу 5 илјади деца од цела Македонија кои имаат некаков облик на труење. Децата можат да се отрујат од различни извори, објаснуваат лекарите. Некогаш се работи за пиење на апчиња од возрасните поради љубопитност или некогаш намерно. Чести се труењата со храна, но има и тешки случаи на пиење на киселини, отровни материи, но и труења со дрога. Поради деликатноста на детските организми педијатарот доктор Мица Кимовска Христова која ги прима ургентните пациенти вели дека затоа родителите мора да внимаваат. Децата се многу ранливи и една, буквално една таблета може да биде смртоносна – вели  доктор Мица Кимовска Христова, педијатар од клиниката за детски болести во Скопје Проблем со згрижувањето на децата Еден од проблемите во третирањето на децата е немањето на Ургентнен педијатриски центат во детската клиника во Скопје. Сега децата со тешки труења се примаат на одделенија на детската клиника или се праќаат на Клиниката за Токсикологија, каде доаѓаат во допир со возрасни пациенти кои исто така се примени поради тешки токсиколошки компликации. Овие дилеми треба да ги реши најавуваниот Ургентнен педијатриски центар кој треба да се изгради на Клиниката за детски болести. Тоа би требало да се имплементира во Ургентниот педијатриски центар, да не биде како до сега кога имаше пракса да се згрижуваат на други места, туку да се примат тука со имплементација на протоколите за работа  – вели  доктор Мица Кимовска Христова, педијатар од клиниката за детски болести во Скопје За градењето на Ургентниот педијатриски центар пред 5 месеци почна  донаторка кампања под покровителство на сопругата на претседателот Ѓорге Иванов, Маја Иванова со која се собраа 50 – те илјади евра потребни за изградба на центарот. Сепак лекарите од детската клиника ги изненади не македонската, туку турската држава, која преку турската државна агенција ТИКА донира 200 илјади евра за изградба на Ургентнен педијатриски центар. Сега според надлежните децата треба да добијат подобри услови со почнувањето со работа на центарот кое се очекува кон крајот на оваа или на почетокот на 2014 година. С.Р.
Слично

Поврзани вести