Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОДИТЕЛИ ОТВОРАЈТЕ ОЧИ: Половите напади врз девојчиња се почести!

РОДИТЕЛИ ОТВОРАЈТЕ ОЧИ: Половите напади врз девојчиња се почести!

Секое дете може да биде потенцијална жртва и многу лесно може да западне во раце на злоставувачи. Сексуалната злоупотреба над детето е особено трауматична за детето, оставајќи далекусежни последици врз севкупниот раст и развој. Заштита на приватноста, идентитетот и интегритетот на детето во сите случаи кога детето е жртва на педофилија и сексуална злоупотрeба е прв приоритет и на родителите и на институциите кои треба да помогнат во процесот на рехабилитација од ова болно и трауматично чувство.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/07/31/detsata-se-potentsijalni-zhrtvi-na-seksualna-zloupotreba-roditeli-otvorete-ochi-za-nivna-zashtita/" target="blank" ]Децата се потенцијални жртви на сексуална злоупотреба, родители отворете очи за нивна заштита![/button]

Се почесто се слушаат вести кои откриваат педофили ширум земјава.

За полов напад денеска МВР јави во Свети Николе.

Во случајов 46 годишен маж полово се задоволувал пред очите на деветгодишно девојче откако вчера околу пладне го пресретнал во влез од зграда додека се симнувало по скалите.

Имено, напаѓачот со иницијали В.О. ги соблекол тренерките и почнал полово да се задоволува, а девојчето се исплашило и избегало.

Јавен обвинител, попладнето извршил препознавање и бил утврден идентитетот на сторителот.

За неуспешен полов напад е известено и синоќа во кочанската полиција. Настанот се одвивал после 22 часот на  улицата „Роза Петрова“ кога педофилот му пришол на11 годишно девојче од зад грб, го фатило со двете раце и го прилепило за себе по што тоа почнало да вика, барајќи помош. Благодарение на мобилниот телефон со кој девојчето го удрилот по глава напажачот, успеало да се ослободи и да му избега на насилникот.

Според  м-р Драги Змијанац- претседател и основач на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ децата многу често со години ја кријат и не ја пријавуваат сексуалната злоупотреба или вознемирување  кои оставаат трајни последици во животот на детето и секогаш треба да се  води  грижа за детето што е неговиот  најдобар интерес.

“Заштитата на приватноста на детето има предност пред важноста на информацијата и потребата да се мобилизира јавноста дури и со најдoбри намери да се осудат сторителите на овие грозни кривични дела кои оставаат траен печат кај децата.Сексуалната злоупотреба го нарушува психосексуалниот развој кај детето, се чувствува хиперсексуализирано однесување и пројавува сексуална инхибиција. Особно е трауматично кај детето кога сторителот на сексуалната злоупотреба над детето е познаник, некој кому детето му верува”- нагласува првиот човек на Меѓаши.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/08/03/krshene-na-tabuata-ke-pomogne-li-vo-bitkata-so-pedofilite/" target="blank" ] КРШЕЊЕ НА ТАБУАТА: Ќе помогне ли во битката со педофилите?[/button]

Податоците според него говорат дека 80% и 90% од сексуалните злоупотреби ги прават луѓе кои на децата им се познати и блиски.

“Кога децата се жртви на сексуална злоупотреба треба да бидеме многу вниамтелни  во однос на тоа како возрасните го изразуваат шокот, сомневањето, гадењето од слушнатото за тоа што му се случило на детето. Постапката за рехабилитација со детето жртва на сексулана злоупотреба треба да ја водат стручни лица и првите 48 часа се многу важни како се постапува со детето. Погрешни постапки може да доведат дури и до агресија кај детето, да изразуваат срам или повеќе да не сакаат да зборуваат со стручното лице за тоа што му се случило. Една изјава е сосема доволна за да се покрене постапка во докажување на вината на осомничениот. А осомничениот мора да е во притвор се до конечна пресуда на судот. Често кога осомничениот е на слобода знае да врши притисок на детето жртва и истото да ја смени првичната изјава”- потенцира Змијанац.

Родителите треба да се охрабрат

Родителите треба да се охрабрат да споделат доколку нивното дете доживеало полов напад и затоа треба да постојат групи за помош и подршка – вели за Фактор,  Надица Скепароска-Петковска, м-р по Клиничка Психологија. Мотивот за медиумската битка за правда и обелоденување на случајот според неа  е кршење на табуата и повик за охрабрување на сите девојчиња кои биле предмет на полов напад да проговорат за тоа но и да се крене јавното мислење за постоење на овој проблем пред да биде доцна.

“Вообичаено мојот став во однос на споделување на лични информации на социјалните мрежи е дека треба да има цензура и дека треба да бидеме внимателни што и како споделуваме и да внимаваме со кој аудиториум тоа го споделуваме. Во конкретниот случај, сметам дека мајката не случајно сподели со јавноста една толку болна тема, притоа имајќи една цел: кршење на табуата и повик за охрабрување на сите девојчиња кои биле предмет на полов напад да проговорат за тоа. Од слични причини мајката уште одамна сподели со јавноста дека тоа дете е посвоено, сакајќи да ги скрши табуата околу посвојувањето. Јавноста како и секогаш и овој пат е амбивалентна, едните осудуваат, другите сожалуваат. Да, виктимизација секогаш постои, но целта е да се спречат понатамошни полови напади врз девојчиња и да се разбуди свеста за справување со овој општествен проблем”-вели психологот Надица Скепароска-Петковска од советувалиштето “Мозаик”.

Слично

Поврзани вести