Родители и ученици протестираат пред медицинското училиште во Битола
100 ученици кои се пријавиле во медицинското училиште во Битола д-р Јован Калаузи, се повикани да си ги земат документите и нема да можат да ја продолжат учебната година во ова училиште.
Тоа беше повод и причина родителите и учениците да излезат на протест и да бараат одговор од директорката на медицинското училиште за ваквата одлука.
Според првиот човек на ова училиште Јасмина Никиќ Десановска и годинава како и годините наназад после 25-ти август бидејќи имало слободни непополнети места од уписните рокови, тие запишувале ученици со помалку поени за да се пополнат слободните места.
Претходно за ова побарале одобрение од ресорното министерство. Одговорот им пристигнал на 9-ти септември како што рече директорката и со него не се одобрува запишување на ученици со помалку пoeни.
На родителите им вети дека ќе бараат решение за учениците, а ваквата ситауција може да е проблем и за неколкумина професори кои можат да се соочат со прогласување технолошки вишок, вели Десановска.
(Извор: ТВ Тера)
