Економија, финансии, бизнис

Контакт

Родители бараат право да одлучат дали ќе ги вакцинираат децата

Родители бараат право да одлучат дали ќе ги вакцинираат децата
Група родители ќе побараат од Уставниот суд да провери дали се во согласност со Уставот законските одредби со кои на родителите им се наложува задолжителна вакцинација на децата. Иницијативата во нивно име ќе ја поднесе Стамен Филипов, познатиот оспорувач на уставноста на многу закони пред Уставниот суд, откако родителите го побарале тоа од него. Согласно македонските закони, вакцинацијата на децата е задолжителна, а родителите кои нема да ги вакцинираат децата не можат да ги запишат на училиште и го губат правото на додаток. Родителите се загрижени од негативните ефекти од вакцините и велат дека државата не може да ги сака нивните деца повеќе од нив самите. Отпорот против вакцините во Македонија се зголеми, откако слични ставови се појавија и во соседните земји, а вакцинацијата беше презентирана како еден од можните предизвикувачи на аутизам кај децата. Надлежните сепак апелираат да се почитува здравствениот систем, децата редовно да се вакцинираат, затоа што само така можат да се заштитат од многу сериозни болести. Од Министерството за здравство уверуваат дека вакцините се 100% сигурни, а без нив епидемиите би биле секојдневие. Прогласена епидемија на варичела во Виница Повеќе од 1000 заразени од варичела (овча сипаница), од кои најголемиот број деца, се регистрирани во Македонија само во јануари. Само во Виница има 50-тина заболени што ги поттикна здравствените власти да прогласат епидемија на варичела во овој град. Заради овие сипаници во дел од основните училишта во Скопје и во другите градови се одлага и редовната вакцинација и систематските прегледи, пишува Дневник. Вакцина не смее да се дава дури и ако има само едно дете во класот заразено со овча или со друга сипаница или има сомневање за тоа, за да не дојде до компликации за здравјето. Во минатата година имало вкупно 8.502 заболени од варичела во земјата.
Слично

Поврзани вести