Родила дете на Табановце и го фрлила во корпа во тоалет
Кумановската полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово против Т.И.(23) од Скопје, поради основано сомнение дека сторила кривично дело „Убиство на дете при пораѓање“.
На 29 март годинава околу 11:30 часот на граничен премин „Табановце“, додека чекале за пасошка контрола Т.И. почувствувала силни болки во пределот на стомакот и се упатила во тоалетот. Таа била во 7 или 8 месец, но не се знае дали посетувала лекар во текот на бременоста. Во тоалетот се породила, го зела бебето и го ставила во корпата за отпадоци. Потоа се вратила во автобусот и продолжиле со патувањето.
Откако од персоналот на граничниот премин било откриено телото на новороденчето настанот бил пријавен во СВР Куманово и по интензина истрага контактирано е со организаторите на екскурзијата, а пријавената на 30 март е однесена во Гинеколошка клиника во Прага, Чешка Република при што и е укажана лекарска помош. По завршувањето на екскурзијата на 18 април на граничен премин таа е приведена од страна на полициски службеник и е однесена на дополнителни медицински вештачења.
Бебето кое било живо родено можело да преживее ако било родено во соодветни болнички услови.
