Рочиштето на „ Пуч“ пропадна, Заев ќе бара правда во Стразбур
Рочиштето за случајот „Пуч“ во кој се товареше и беше четврт осомничен опозицискиот лидер Зоран Заев не се одржа.
По амнестијата од претседателот Иванов Заев е ослободен од ова дело. Судот ги запре постапките за овој случај, а Заев ќе се жали во Стразбур.
Тој рече дека се поднесени жалби на овие постапки и истакна дека истите се резултат на незаконската и неуставната, аболиција од Ѓорге Иванов што претставува преседан .
„Правото на правично судење го продолжуваме преку апелација се до Стразбур, користејќи го членот 6 од Европската конвенција. Најверојатно ќе биде само по себе и преседан да има вакви процеси во Стразбур, некој да е аболициран и да бара тоа да се укине за да добие право на правично судење“, истакна Заев.
Обвинението за одбраната во случајот Пуч често беше карактеризирано како паушално и правно неиздржано бидејќи како што напоменуваат барањето за техничка влада е политичко барање, а не загрозување на уставниот поредок и безбедноста на земјата.
Опозицискиот лидер е четвртоосомничен од пет лица во овој случај, а се товареше за насилство спрема претставници на највисоките државни органи, за кривично дело сторено во обид, додека првоосомничениот поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, пак се товари за неовластено прислушување и тонско снимање, шпионажа и за помагање во насилство спрема претставници од највисоки државни органи.
Пет луѓе: Зоран и Соња Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски, Зоран Заев, Бранко Палифров се обвинети за „шпионажа“, „неовластено прислушување и тонско снимање“ и за „насилство над највисоки претставници на власта“. Во притвор се четворицата обвинети, со исклучок на Зоран Заев.
Експертите за овој случај сметаат дека Обвинување за Пуч е сериозна работа.
