Економија, финансии, бизнис

Контакт

Роберт Поповски: Малите фирми сега ќе работат слободно

Роберт Поповски: Малите фирми сега ќе работат слободно

Роберт Поповски, министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, изјави дека со новиот Закон за прекршоци малите фирми, кои се убедливо најмногубројни во македонската економија, ќе работат многу послободно.

- Станува збор за намалување на глобите од максимални 5.000 евра на идни максимални 2.000 евра. Тоа е големо олеснување и ќе им остави голем простор за слободна работа на најмалите претпријатија во Македонија - рече Поповски во синоќешното гостување во МРТ.

Иако приходите во државниот буџет за 2019-та е предвидено да бидат речиси исти како оваа година, тој вели дека инспекторите не се должни по секоја цена да остваруваат норми.

- Заврши времето на каубојските инспекции, кога по цела година седеа во една иста фирма знаеја да седат по цела година, таму да пијат кафе, па дури и посебни канцеларии им беа обезбедувани. Казните се намалени, ефикасноста на инспекциите ќе биде поголема, но тоа не значи дека по секоја цена мора да се остварат тие приходи - наведе Поповски.

Измените на Законот за прекршоци со кои ќе се намалат казните за прекршоци за физичките и правните лица. влегуваат во владина процедура и се предвидува за физичките лица казните да се намалат до 75 отсто, додека за правните и до 150 отсто

Слично

Поврзани вести