Економија, финансии, бизнис

Контакт

Роберт де Хроут доаѓа во Македонија, Холандија бара повлекување на аболицијата

Роберт де Хроут доаѓа во Македонија, Холандија бара повлекување на аболицијата

Од Министерството за надворешни работи на Холандија целосно се придружуваат на изјавите дадени вчера од Европската унија и САД.

Холандија, која во моментов претседава со Советот на Европската унија, ги повикува сите страни да преземат одговорни, одлучни и инклузивни активности кои ќе ја изведат Македонија од тековната криза.

Како што се споменува во писмата упатени до лидерите на политичките партии од страна на министерот Кундерс на почетокот на мај, клучните чекори кои треба да се преземат се: спроведување на реформите кои ќе обезбедат слободни, фер и инклузивни избори, овозможување на непречена работа на Специјалното јавно обвинителство, особено со повлекување на аболицијата на политичарите од страна на претседателот Иванов без понатамошно одлагање.

Во Македонија денеска и утре ќе биде  генералниот директор за европска соработка Роберт де Хроут, кој е и заменик- министер.

Хроут ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Попоски и со лидерите на четирите политички партии, потписници на договорот од Пржино.

Слично

Поврзани вести