Економија, финансии, бизнис

Контакт

РКЕ треба да донесе одлука за новата цена на струјата - Мицкоски вели: „Покачена е, но не е над 100 евра како што е пазарната цена“

РКЕ треба да донесе одлука за новата цена на струјата - Мицкоски вели: „Покачена е, но не е над 100 евра како што е пазарната цена“

Регулаторот одлучува за висината на цената на струјата. ЕВН Хоме е снабдувачот кој има јавна набавка за следната 2026 година, а ЕСМ ги достави вкупните количини кои се бараат согласно јавната набавка, рече премиерот Христијан Мицкоски.

„Иако претходно како влада бевме критикувани и во самиот извештај на Европската Унија и од дел од јавноста дека еден од чекорите кои се дел од планот за раст не го спроведуваме, а тоа е либерализација на пазарот на електрична енергија со која ќе се снабдуваат домаќинствата. Ние рековме „да, тој чекор нема да го примениме“, затоа што ако го примениме, цената за домаќинствата нема да биде 65 евра, туку ќе биде над 100 евра, и цената ќе биде покачена над 50 проценти. Ќе продолжиме натаму да ја субвенционираме струјата. Која ќе биде цената, дали ќе поскапи за 3, 4, 5 проценти, дали ќе поевтини како во изминатиот период одредува регулаторот откако ќе ја добие цената со која што снабдувачот ќе ги снабдува домаќинствата, потоа трошоците на дистрибутерот, пренос операторот и конечно, трошоците за организирање на пазарот на електрична енергија. Сите овие калкулации кога ќе бидат направени, тогаш регулаторот ќе ја одреди конечната цена која ќе ја плаќаат граѓаните“, рече Мицкоски. 

Посочи и дека А.Д. ЕСМ ја качила цената од 62 на 65 евра за мегават час, но не и над 100 евра како што е пазарната цена. 

„Разликата, владата продолжува да ја субвенционира за да нема ценовен шок“, рече Мицкоски. 

Слично

Поврзани вести