РКЕ: ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ТРЕБА ДА ОБЕЗЕДИ АКТУЕЛНИОТ ВРШИТЕЛ, се до избор на нов вршител на дејноста
Регуларотна комисија за енергетика објавува дека согласно законските одредби компанијата која досега обезбедуваше топлинско греење за Скопјани е обврзана да продолжи со истото.
- Вршењето на јавната дејност производство на топлинска енергија од регулиран производител е прецизно дефинирана во Законот за енергетика каде основниот императив на вршителот на јавна дејност е да обезбеди сигурно, континуирано и квалитетно производство на топлинска енергија.
Ве информираме дека Законот за енергетика , кој доби и зелено светло од Енергетска заедница во целост ги има инкорпорирано сите одредби од европската легислативата по однос на сигурно, стабилно и континуирано снабдување со енергија. Во тој дух и РКЕ ги носи одлуките со кои се прецизира дека се до избор на нов вршител на посочената енергетска дејност, на актуелниот вршител не му престанува обврската за обезбедување на јавна дејност. Обврската за вршење на јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца (во случајов нов вршител на јавна дејност) - пишува во соопштението на РКЕ.
Деновиве препукувањата околу тоа кој ќе ги стопли жителите на главниот град не престануваат, што создава нелагодност кај граѓаните кои стравуваат дека ќе останат со ладни радијатори.
Фактор објави и дека државната ЕСМ, која го презеде управувањето со БЕГ во текот на грејната сезона од почетокот на годината за снабдување на топлинска енергија, не ги нарачало потребните количини на гас од компанијата „Макпетрол“ за следниот месец, односно за октомври оваа година.
