Економија, финансии, бизнис

Контакт

РКЕ: Нема да има скокови на цената на струјата по либерализацијата на пазарот

РКЕ: Нема да има скокови на цената на струјата по либерализацијата на пазарот
Нема одложување на либерализацијата на пазарот струја, сите 222 идни квалификувани потрошувачи се подготвени, смета Димитар Петров, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика. Со оглед на динамиката со која работат, вели Петров, либерализацијата ќе се реализира во рокот, на 1 април идната година. „Од 30 септември до сега активностите предвидени со акцискиот план се реализираат, а ги добивме и соодветните протоколи и формулари кои требаше да бидат потпишани од енергетските компании. Остануваат оние кои имаат реални аргументи за одредени дополнителни временски термини, но го следиме процесот и сметаме дека ќе успееме на 1 април да ја спроведеме либерализацијата“, рече Петров. Најавува и дека Регулаторна нема да дозволиме да има скокови на цената на електричната енергија за домаќинставата и помалите компании. „Излегувањето од рамките на регулираниот пазар на добар дел од потрошувачите секако дека има влијание, но имаме симулации и можности кои ќе ни возможат да го амортизираме ценовниот шок. Евентуалните ценовни шокови би значеле неуспешна или неправилно водена либерализација и би предизвикале проблеми во делот на снабдувањето со електрична енергија во целиот сектор“, вели тој Петров. Во Македонија има 47 трговци кои имаат лиценца за тргување со електрична енергија, а лиценца за снабдување има само компанијата ГЕНИ иако има и апликација од ЕВН, како и интерес од уште неколку компании. За да има слободен пазар на електрична енергија, согласно законот, неопходно е да има минимум еден снабдувач.
Слично

Поврзани вести