Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕГУЛАТОРНА КОНТРА КРЕШНИК БЕКТЕШИ: Никој не му се извинил на претседателот Бислимовски по физичкиот напад врз него

РЕГУЛАТОРНА КОНТРА КРЕШНИК БЕКТЕШИ: Никој не му се извинил на претседателот Бислимовски по физичкиот напад врз него

Никој не му се извинил на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, за физичкиот напад што беше извршен завчера вечер врз него од сопственикот на У-повер, Аријант Хоџа, во центарот на главниот град на земјава.

Ова се информациите од РКЕ, откако министерот за економија Крешник Бектеши, изјави дека според неговите информации, Џафери му се извинил на Бислимовски. 

Како што е познато, министерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, денеска рече дека Аријант Џафери, синот на Муса Џафери, му се јавил за да му се извини на Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, за физичкиот напад над него во понеделникот во една од кафаните во Дебар Маало.

„Значи вака, имав прилика да го гледам видеото и ги осудуваме ваквите случувања. Бислимовски во разговор добил извинување и не е загрозена коалицијата. РКЕ е независна институција и тие одлучуваат во делот на исполнување на условите за лиценците“, порача министерот.

Синот на Муса Џафери го нападна Бислимовски затоа што РКЕ ја одземала лиценцата за снабдување на електрична енергија на неговата фирма У-Повер.

Слично

Поврзани вести