РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
Регулаторната комисија за енергетика го намали надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем на ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ за 3,64 отсто, беше соопштено денес,но тоа не значи дека ќе се намали крајната цена што од 1 јануари 2026 ќе ја донесе универзалниот снабдувач ЕВн Хоме.
Регулаторот извести дека се намалува и надоместокот за користење на преносниот систем МЕПСО за 2,67%, а намалување има и кај цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО од 3,40 %.
„Со денешната одлука, сите елементи кои ја сочинуваат крајната цена се познати: цена и количина по која е набавена електричната енергија, услугите на мрежните оператори, затворени се и набавките за загуби. Сега останува универзалниот снабдувач – ЕВН ХОМЕ, под наш надзор да направи пресметка и да се објават финалните цени по блокови. Делот што РКЕ го регулира во крајната цена има влијание од околу 36 %.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем во крајната цена учествува само со околу 33%, додека надоместокот за користење за преносниот систем учествува со околу 4% во крајна цена и цената на МЕМО е со незначително учество од околу 0,19 % во крајната цена .
Сепак од 1 јануари 2026 се очекува зголемување на цената на струјата за домаќинствата за домаќинствата и малите потрошувачи, бидејќи најголемиот производител ЕСМ ќе му ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме за 65 евра по мегаватчас, наместо досегашните 62 евра.
