Економија, финансии, бизнис

Контакт

РКЕ ГИ НАМАЛУВА ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ, дизелот и мазутот не се менуваат

РКЕ ГИ НАМАЛУВА ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ, дизелот и мазутот не се менуваат

Регулаторната комисија за енергетика повторно ги намалува цени на нафтените деривати во просек за 0,89 проценти во споредба со последната одлука.

- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,336 проценти, кај дизелот за 2,826 отсто, кај екстра лесното за 2,731% и кај мазутот намалувањето е за 2,066 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,143 проценти - посочуваат од РКЕ.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 2,00 денари за литар. 

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 24.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС - 95              86,50 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС - 98              88,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)              90,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)        85,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                   43,046 (денари/килограм)

Ова се максималните цени на нафтените деривати, по кои ќе се продаваат истите почнувајќи од вечерва по полноќ. Како што напоменуваат од РКЕ, трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Слично

Поврзани вести