РКЕ денеска му ги одзеде лиценците на БЕГ
Регулаторната комисија за енергетика денеска на главна седница донесе одлуки за престанување на важноста на лиценците за снабдување и дистривуција на БЕГ. Со тоа одземени се сите три лиценци на Балкан Енерџи Груп за оперирање со парно-греењето во Скопје.
РКЕ наедно ја известува Владата за овие одлуки, по што треба да се спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.
„Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветни лиценци. Се до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство, дистрибуција и снабдување на топлина, по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата“, гласи соопштението на регулаторот.
