Економија, финансии, бизнис

Контакт

РКЕ: Бислимовски не зема плата од 2.000 евра, ВМРО-ДПМНЕ изнесува невистини

РКЕ: Бислимовски не зема плата од 2.000 евра, ВМРО-ДПМНЕ изнесува невистини

Регулаторната Комисија за енергетика и водни услуги ја отфрла изјавата на портапролот на на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за висината на платата на претседателот на Регулаторната Комисија за енергетика, Марко Бислимоски како неточна и лажна.

-Платите се јавно објавени и се далеку пониски од предвените пет просечни нето плати во секторот согласно законот за енергетика. Доколку г-динот Арсовски не се извини за изнесените шпекулации, ќе следува приватна тужба. А парите ќе бидат донирани од оштетата, соопштуваат од РКЕ.

Инаку денеска портпарлолот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски информираше дека функционерите на СДСМ со парите на граѓаните уживаат вистински луксуз.

-Марко Бислимоски, претседател на регулаторната комисија, инаку кадар на СДСМ кој може да се види и сите видоа на слики од партиски штабови на СДСМ. Инаку човек на таа позиција не смее да биде поврзуван со политичка партија, но се обработува за СДСМ и Заев, тоа веќе е јасно. Јавно прашуваме дали Бислимоски, кој им ја покачи струјата на граѓаните во ек на економска и здравствена криза што е никаде во светот невидено, зема нето плата секој месец од над 2.000 евра, поточно околу 2150 евра секој месец или 130.000 денари, односно бруто плата околу 200.000 денари? Во овој случај, откако е назначен Бислимоски, за 26 месеци има земено нето плата над 55.000 евра, пари од државата и граѓаните. Потенцирам 55. 000 евра легнуваат за овие наназад месеци откако е назначен Марко Бислимоски, на неговата сметка, како нето плата, додека од друга страна ја покачува струјата на сите граѓани. Човекот што им покачува струја на граѓаните и вели дека покачувањето не е ништо, за нешто повеќе од 2 години заработил чисти 55.000 евра, реше Арсовски на прес-конференцијата.


Слично

Поврзани вести