Економија, финансии, бизнис

Контакт

РКЕ: 12.000 нерегуларни потрошувачи на струја, дебаланс од 30 милиони евра

РКЕ: 12.000 нерегуларни потрошувачи на струја, дебаланс од 30 милиони евра

Регулаторната комисија за енергетика преку вестите на „Телма“ објави дека 12.000 потрошувачи во Македонија трошат струја на регулираниот пазар на електрична енергија, наместо на слободниот каде што сметките, барем за време на енергетската криза, се поскапи.

Општините се типичен пример на субјекти кои се враќаат на регулираниот пазар на несоодветен начин и ова може да влијае на поскапување на струјата за домаќинствата, сметаат од РКЕ.

Според податоците кои ги има регулаторот, околу 12.000 потрошувачи наместо од отворен пазар, добиваат струја од регулиран пазар.

Поради ова во првата половина од годината направен е дебаланс од 30 милиони евра и системски проблем поради непланиран увоз на струја.


Слично

Поврзани вести