РИЗИК ИЛИ ЗАШТЕДА: Плинските боци ги полнат во соседна земја
Хрватите кои живеат во пограничните места за да заштедат плинските боци ги полнат преку граница во БИХ, каде плинот го плаќаат двојно поевтино.
Оваа услуга во Хрватска чини 89 куни, а во БИХ е 48 куни.
„Луѓето порано донесуваа празни боци и купуваа нови, но сега ги полнат и така повеќе им се исплати. Ќе ги донесат, ќе ги наполниме по сите правила затоа што имаме атест и дозволи за да ја вршиме таа работа“ - вели вработен во Брчко гас.
Експертите предупредуваат дека овие боци се ризични и се смета дека во Хрватска и во земјите од ЕУ има третина небезбедни боци.
Сепак порачуваат дека за некоја куна не вреди да се презема ризик и се надеваат дека царината ќе реагира на ова појава.
Слично
