Економија, финансии, бизнис

Контакт

РИЗИЦИ НА РАСТ: На еврозоната и се заканува опасност!

РИЗИЦИ НА РАСТ: На еврозоната и се заканува опасност!

Глобалните пазари се соочени со растечка нестабилност поради политичката неизвесност предизвикани од изборот на Доналд Трамп за американски претседател.

Неизвесноста е поттикната и од изборите во клучни европски земји кои се одржуваат во 2017 година, предупреди Европската централна банка.

„Ризиците врз пазарот на глобални активи се интензивираа, делумно поради политичката неизвесност и очекувана промена на политиката во САД“, се наведува во извештајот на ЕЦБ за финансиската стабилност.

Изненадувачката победа на Трамп на претседателските избори го доведе во прашање идниот смер на американската економска политика, посебно поради ставот на Трамп во спогодбите за слободна трговија, наведува ЕЦБ.

„Никој не може со сигурност да каже колкав ќе биде степенот на промени во политиките на САД“, изјави потпретседателот на ЕЦБ Витор Констанцио за новинарите.

„Доколку би следела рунда на протекционизми, тоа би предизвикало реакции во други држави во вид на контрамерки, што е многу ризичен курс во состојбата кога светската трговија и онака е слаба“, додал тој.

Еврозоната, како што предупредува ЕЦБ , посебно била изложена на ефектите на таквите мерки.

Таа банкарска институција, исто така, укажала на зголемена политичка неизвесност во развиените економии, алудирајќи на Германија и Франција каде догодина се одржуваат националните избори.

Слично

Поврзани вести