Економија, финансии, бизнис

Контакт

РИЗИЧНИТЕ ГРУПИ И ПРЕДРАСУДИТЕ ЗА НИВ: Нема ХИВ кај сексуалните работници во Македонија

РИЗИЧНИТЕ ГРУПИ И ПРЕДРАСУДИТЕ ЗА НИВ: Нема ХИВ кај сексуалните работници во Македонија

Неколку организации работат на превенција на ХИВ/СИДА кај ризичните групи, а нивните истражувања покажале дека сексуалните работници имаат информации и знаења за ХИВ, начинот на пренос, како да се заштитат, редовно прават ХИВ тестови и не претставуваат опасност по јавното здравје

Сексуалните работници/чки се најголеми преносители на ХИВ/СИДА, е еден од низата стереотипи за оваа категорија луѓе, оформен поради нивното ризично однесување и постојаното менување партнери.

Ова општо распространето мислење не е точно, посочуваат од организациите кои работат на оваа проблематика.

-  Во последните три години нема евидентирано ХИВ меѓу сексуалните работници/чки - вели Борче Божинов од СТАР-СТАР, здружение за  заштита и унапредување на правата на маргинализираните професии со особен интерес кон сексуалните работници.

Од 2012 година, СТАР во партнерска соработка со уште неколку организации и институции, спроведува теренско тестирање за ХИВ/СИДА помеѓу сексуални работници кои работат на територијата на градот Скопје.

-  Теренското тесирање го спроведува соодветно обучен тим за работа со оваа популација. Според досегашната евиденција, немаме евидентирано позитивни случаи на ХИВ кај сексуални работници, што се должи на неколку годишното работење на ХИВ превенција помеѓу оваа група, од страна на неколку организации кои заеднички делуваат на полето на оддржување ниска ХИВ превленца во Македонија - вели Божинов.

Тестирањето се врши со брзи тестови со земање примерок од крв од прст, според јасно утврдени протоколи од страна на Министерството за здравство.

Од Здружението на граѓани ХОПС - Опции за здрав живот велат дека тие на годишно ниво контактираат повеќе од 200 различни сексуални работници ( жени, мажи и трансродни). Повеќе од 50 отсто од нив редовно се тестираат за ХИВ.

-Минатата година, Одделението за имплементација на проектите поддржани од Глобален фонд за превенција на ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, в соработка со Институтот за јавно здравје и ХОПС спроведоа био- бихејвиорално истражување меѓу сексуалните работци за ставовите и знаењата за ХИВ. Во истражувањето учествуваа 187 сексуални работници и немаше ХИВ позитивни. Ова е показател дека тие имаат информации и знаења за ХИВ, начинот на пренос, како да се заштитат, редовно прават ХИВ тестови и не претставуваат опасност по јавното здравје - велат од ХОПС.

Здружението „Опција“ од Охрид, по повод први декември, ден за борба против ХИВ/СИДА, спроведе бесплатни тестирања, првенствено наменети за сексуалните работници и за корисниците на дроги. И таму немаше откриено лице од овие целни групи заболено од ХИВ/СИДА.

 Според податоците од Институтот за јавно здравје, во 2014 година биле направени 24.562 тестови за дијагностика на ХИВ. Беа регистрирани 39 нови слуачи на заболени. Оваа 2015 се заразиле 28 лица. Со тоа, вкупниот број на луѓе во Македонија кои живеат со ХИВ/Сида е 161 лице. Речиси сите се мажи, повеќето на возрст од 20 до 40 години. Најмногу од нив живеат во Скопје - 117 лица, следуваат Тетово, КУманово, Прилеп, Охрид и КИчево.  Се претпоставува дека темната бројка е поголема бидејќи е низок процентот на оние кои се тестираат - во Македонија тоа е само еден процент на годишно ниво.

Светската здравствена организација(СЗО) укажа дека тестирањата на ризичните групи за ХИВ не смеат да бидат наметнати. Секое тестирање треба да се прави на доброволна основа.

- Не треба да има принудно или задолжително тестирање на припадници на клучни популации со повисок ризик за ХИВ инфекција и други ранливи популации, вклучувајќи бремени жени, луѓе кои инјектираат дроги и нивните сексуални партнери, мажи што имаат секс со мажи, сексуални работници, затвореници, мигранти, бегалци и внатрешно раселени лица и трансродови луѓе - препорача СЗО.

С.Н.

Слично

Поврзани вести