Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ризични земји кои авионите ги заобиколуваат: Меѓу нив и Албанија, Русија, Украина и Турција

Ризични земји кои авионите ги заобиколуваат: Меѓу нив и Албанија, Русија, Украина и Турција

Соборувањето на украинскиот авион над Техеран во 2020 година и авионот на Малезија ерлајнс над источна Украина во 2014 година покажаа дека конфликтите и геополитичките тензии претставуваат голем ризик за комерцијалните авиокомпании.

Базата на податоци за безбедни воздушни простори за конфликтни и ризични зони се ажурира секој ден со информации за можни ризици од летање за цивилни авиони, а предупредувањата се поделени во три нивоа.

Првата и најтешка квалификација или Првото ниво е она во кое се наоѓаат Ирак, Иран, Јемен, Либија и Сирија, а авиокомпаниите силно се советуваат да го избегнуваат воздушниот простор на овие земји, поради крајно нестабилната состојба на теренот.

Проценетиот ризик се однесува на земјите подложени на предупредувања за воздушен простор од EASA, FAA, UK DFT, германската BMVI, француската DGAC, но само за одредени делови или под одредена надморска височина.

Земјите од оваа категорија се Египет, Саудиска Арабија, Авганистан, Северна Кореја и Украина, но и Венецуела, Пакистан и некои други африкански земји.

Третото ниво е најблага квалификација и се однесува на земјите кои немаат тековни предупредувања за воздушен простор, но треба да извршат безбедносни проверки пред летот.

Во оваа категорија има и земја од нашиот регион, за која е издадено предупредување заради влошување на квалитетот на услугата за контрола на летање.

Албанскиот воздушен простор, како и аеродромот во Тирана, беа затворени на 8-ми април откако штрајкуваа локалните контролори на летови.

Во извештајот на SafeAirspace се вели дека локалните контролори на летање работат под присила и голем стрес, заканувајќи им се со отпуштање (или уште полошо, апсење и затвор).

Голем број странски контролори беа привремено приведени и покрај тоа што не беа обучени или оценувани на која било од локалните позиции.

Покрај Албанија, на третото ниво на ризик за комерцијалните летови се и Русија, Белорусија и Турција, но и Јапонија, Филипини, Лад, Централноафриканска република и Западна Сахара.



Слично

Поврзани вести