Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ристовски:Не бегаме од проблемите на социјално загрозените семејства

Ристовски:Не бегаме од проблемите на социјално загрозените семејства
39 до 40 илјади семејства во Македонија се корисници на социјална помош, а околу 3900 од нив се корисници на услугите на народните кујни, информираше денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој присуствуваше на почетокот на кампањата на Црвениот Крст за подигнување на јавната свеста, а  по повод Меѓународниот ден на сиромаштијата и гладта. Според Министерот се забележува намалување на бројот на корисниците на социјална помош во однос на минатата година за приближно 17 проценти.

Ние како Влада, рече, сме многу чесни и искрени во нашите намери во ниту еден момент не се плашевме да се соочиме со фактот дека постојат граѓани на кои им е неопходно не само да добиваат социјална помош, туку да добијат и бесплатна храна. Поради тоа, додаде, досега во Македонија се отворени 41 народна кујна.

„Ќе продолжиме и натаму да се соочуваме со овие проблеми без во ниту еден момент да постои сомнеж дека ќе бегаме од директното решавање на проблемите. Тоа е единствениот правилен начин на кој може да им се помогне на граѓаните. Ваквите настани, ваквата поддршка од Цевениот крст, од заедницата и граѓаните, убеден сум дека ќе вродат со плод, а бенефит ќе имаат најсиромашните“,  истакна Ристовски.
Слично

Поврзани вести