Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ристовска:Не ги прекинуваме истражните ниту предистражните постапки

Ристовска:Не ги прекинуваме истражните ниту предистражните постапки

Обвинителката Ленче Ристовска на денешната прес-конференција, изјави дека Специјалното јавно обвинителство не ги прекинува ниту истражните, ниту предистражните постапки.

Во СЈО уште немаат одговор од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов од каде има информации за осомничените лица во нивните постапки. 

„Нема селективна правда и ограничување на правдата ниту затајување на вистината. Се уште ја очекуваме и информацијата од претседателот Иванов, за тоа од каде му се информациите за нашите тајни предистражни постапки“ - изјави Ристовска.

Таа објаснува дека досега  СЈО доставило две барања кон крајот на април и на почетокот на мај.

СЈО води седум истражни постапки во кои се опфатени 60 лица, а бројот на предистражните постапки постојано расте.

Слично

Поврзани вести