Економија, финансии, бизнис

Контакт

РИСТЕСКИ СЕ ЗАКАНИ: Ќе има мерки, ако маркетите не ги додадат сите производи од новогодишната кошница

РИСТЕСКИ СЕ ЗАКАНИ: Ќе има мерки, ако маркетите не ги додадат сите производи од новогодишната кошница

Доколку до крајот на денот, сите маркети кои се пријавени за новогодишната кошница не ги додадат основните прехранбени производи, а ги има 700 во синџирот, тогаш Владата ќе биде принудена да оди со одлука и мерка што не е пазарно популарна, но ќе мораме за да го заштитиме стандардот на граѓаните, изјави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески во Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање дали се додадени основните производи во новогодишната кошничка.

Според Ристески, дел од маркетите се одзвале и веќе ги вклучиле основните прехранбени продукти во новогодишната кошница меѓу кои јајцата, маслото за јадење, шеќерот, млечните и месните производи.

- По укажувањето на Владата и на Министерството за економија и труд до сите трговци на мало, односно маркети да вклучат и дополнителни, основни прехранбени производи кои не беа влезени во кошницата да бидат намалени, меѓутоа им беа покачени цените, гледам дека се одзваа голем број маркети со дополнителни производи, па имаме околу 50 прехранбени производи, како млечни производи, односно сирење кашкавал, месо, месни производи, па масло, јајца, кафе, шеќер и така натаму. Со ова, мислам дека уште повеќе се комплетира новогодишната кошничка, изјави Ристески, кој денеска ги посети дневните центри во Прилеп, за лицата со церебрална парализа и Дневниот центар за лица со попречености „Ѕуница“. 

Тој нагласи дека до крајот на денот ќе се чека сите маркети вклучени во акцијата да ги стават основните производи со попуст од барем 10 проценти. Доколку не го направат тоа, најави, ќе има непопуларни владини мерки и одлуки.

- Пазарната инспекција ќе биде нон-стоп на терен. И доколку до крајот на денот тоа не се случи во сите маркети кои се пријавени за новогодишната кошница, а ги има 700 во синџирот, тогаш Владата ќе биде принудена да оди со одлука и мерка што не е пазарно популарна, но ќе мораме за да го заштитиме стандардот на граѓаните во овој период околу Нова Година и празниците, изјави Ристески.

Според заменик - министерот за економија и труд првите денови со примената на мерката за новогодишната кошница, имаше намалување на цените на повеќе од 1100 производи, опфатени со акцијата, со најмалку 10 проценти. 

- Но, за разлика од нив имавме покачување на други основни производи кои не беа влезени во новогодишната кошница. Сега и тие производи се додадени и затоа анализата на крајот на денот ќе покаже дали Владата ќе оди или не со мерки, рече Марјан Ристески, заменик министерот за економија и труд.

Тој се надева дека по новогодишната кошничка, резултатот според статистиките ќе биде во корист на заштедата во буџетот на просечното македонско семејство. 

 Премиерот Христијан Мицкоски пак, вели дека најголем дел од трговците го почитуваат укажувањето што им беше упатено за да ги вратат цените на производите на ниво од пред зголемувањето што го направија откако стапи во сила акцијата „Новогодишна кошница“ за што алармираа граѓаните. 
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски денеска рече дека ќе се следи состојбата и доколку има девијантно однесување од страна на трговците ќе бидат преземени мерки. Потсети дека секогаш е на располагање можноста за повторно ограничување на цените со одлука на Владата. 

– Утрово разговарав со министерот за економија и труд, но и претходниве ден-два добивам информации од страна на ДПИ дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на она ниво на кое што беа пред да добијат покачување. Го почитуваат укажувањето што јавно го упативме до нив. Очекувам во периодот што следи тоа да продолжи иако редовно со интензивна контрола од страна на ДПИ ќе се следи состојбата и доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците, ќе бидат преземени мерки. Инаку, последната мерка што Владата ја има на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената, но во овој момент гледаме дека најголемиот дел од трговците она укажување и замолница ја почитуваат, изјави Мицкоски, по презентацијата на резултатите од работата на Министерството за внатрешни работи. 

По поплаките од граѓаните за пoскапувањата на основните прехранбени производи што не беа опфатени ос Новогодишната кошничка, Мицкоски завчера најави робусна реакција на Владата во наредниот период, а министерот за економија Бесар Дурмиши информираше дека Државниот пазарен инспекторат на терен прави анализи како се движеле цените во изминатите три месеци и оти по зваршување на анализите ќе се донесе одлука дали ќе бидат донесени поригорозни мерки. 
Слично

Поврзани вести