Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рилкоски: ДИК не е официјално известена дека некоја партија ќе враќа мандати

Рилкоски: ДИК не е официјално известена дека некоја партија ќе враќа мандати
Државната изборна комисија утре треба да им ги врачи уверенијата на новоизбраните пратеници во македонското Собрание. Првиот човек на ДИК Никола Рилкоски, кој инаку е член на Комисијата по предлог на СДСМ, не открива дали тој лично ќе им ги врачи уверенијата на пратениците или ќе го бојкотира чинот, како што тоа го направи со доделувањето на уверението за избран претседател на Ѓорге Иванов. „Не е важно кој ќе ги додели уверенијата, ќе ги врачи ДИК, а на нив стои мојот потпис“, рече Рилкоски. Тој тврди дека и покрај најавите од СДСМ, ЛДП, НСДП и НДП за враќање на пратеничките мандати, досега ниту една партија официјално не ја известила Државната изборна комисија дека подготвува ваков чекор. „Ние официјално немаме известување дека некој ќе враќа мандати, единствено слушаме што објавуваат медиумите. Најавите од политичките партии се само најави засега, најверојатно се сериозни. Но, до нас не испратил никој ништо официјално“, вели Рилкоски. На денешната седница на ДИК, на која беа утврдени и објавени и конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори, претседателот на највисокиот изборен орган одби да даде оценка дали изборите беа фер и демократски.
Слично

Поврзани вести