Рикер бара дијалог за името, Попоски се жали на блокада од Грција
САД ги охрабруваат Грција и Македонија да го искористат процесот во ОН под покровителство на Метју Нимиц, кој во изминатите месеци даде нов предлог, истакна денеска помошникот на американскиот државен секретар Филип Рикер, непосредно по средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на Јадранската повелба.
Според Рикер сега дијалогот е најважен за прашањата како спорот за името меѓу Македонија и Грција, а го псочи и позитивниот пример на надминување на проблемите меѓу Косово и Србија кои направија голем напредок кон нормализирање на односите.
„Ние чувствуваме дека во изминатава година се постигнати големи чекори, гледаме прогрес, Хрватска е совршен пример за тоа, да ја заврши тешката неопходна работа, тие ќе и се пружат на Европската Унија, веќе се горд член на НАТО алијансата. Црна Гора започна пристапни разговори со ЕУ, работи на акцискиот план за пристапување, го подготвува третиот годишен акциски план. Има акции и активности во регионов кои ги движат работите напред, потребно е да се вложи напор, да се согледаат потешкотиите и ние ги охрабруваме сите во регионот нерешените прашања да ги сфатат сериозно, затоа што само така може да се постигне прогрес“, рече Рикер.
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, повтори дека проблемот на Косово и Србија епоинаков од оној со спорот за името бидејќи Грција е членка на ЕУ, а со тоа има инструменти за блокирање на Македонија. За Поповски Македонија има конструктивен пристап, но не и Грција.
„Ако навистина постои подготвеност во Грција, тогаш дајте покажете го тоа, седнете и разговарајте во рамки на процесот кој беше инициран од страна на господинот Нимиц, да го надминеме овој проблем“, побара Попоски.
Слично
