Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ријечани ја победија Ерсте банка

Ријечани ја победија Ерсте банка
Орагинизирана група граѓани во Хрватска успеаја по судски пат да ја победат Ерсте банка. Тие победија на тој начин што Општинскиот суд во Ријека го утврди како ништовен уписот на хипотеките на Ерсте банк на недвизностите на 15 Ријечани, кои ги купиле од компанијата Тињ-Кро. Пресудата, сепак, е неправосилна, што укажува дека е завршено само првото полувреме од натпреварот во кој од една страна била банката, а од друга спорн иот инвеститор, а во средина 15 купувачи на станови како колатерални жртви, пренесува порталот Seebiz, повикувајќи се на Нови лист. Граѓаните, како што се наведува, уредно ги платиле своите недвижности, со чија што продажба Ерсте банк имала намера да ги подмири своите побарувања од споменатиот инвеститор. Ерсте банк запишала хипотека поради осигурување на повраток на износот од 1,14 милиони евра, шот е износ на кредитот кој во 2006 година бил склучен помеѓу Ерсте банк и компанијата Тињ-Кор.  
Слично

Поврзани вести