Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ричард Ховит: Статус кво ситуацијата не е добра за Македонија

Ричард Ховит: Статус кво ситуацијата не е добра за Македонија
Статус кво ситуацијата не е добра за Македонија,смета известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит кој додаде дека на Македонија и е потребно во декември да добие датум за старт на пристапните преговори со ЕУ. На седницата на Националниот совет за евроинтеграции денеска, која беше посветена на Извештајот на ЕК за напредокот во 2013 година, Ховит истакна дека не е во ред да се верува дека се одбиваат аспирациите за членство на оваа земја година по година, а секако тоа има влијание врз напредокот. Тој смета дека Извештајот за напредокот е особено важен и добар за земјата, но иако нема големи економски предизвици, тие постојат во делот на законодавството, слободата на движење на капиталот и стоките. Притоа го спомена договорот со Руската Федерација за гасоводот и колку е компактибилен со целите на Македонија, а говореше и за потребата од борбата со корупцијата, реформи во судството, исполнување на Охридскиот рамковен договор, но и на препораките на Анкетната комисија за настаните од 24 декември. Како горко прашање го спомена и проблемот со слободата на медиумите, прашање за кое вели дека Брисел е сериозно загрижен посебно во делот на носењето нов закон за медиуми и случајот со новинарот Томислав Кежаровски. На седницата говоре и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, кој истакна декае убеден дека  реформите без решавањето на спорот за името или пак решавањето на спорот за името без реформите не се доволни за интегрирањето во ЕУ. Тие две заедно, забележа Бесими, ќе ни обезбедат добар пат кон ЕУ. Во делот за слобода на медиумите зборуваше и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Тој забележа дека случаите како оној со новинарот Томислав Кежаровски ќе го влошат имиџот на Македонија и ќе влијаат врз јакнење на самоцензурата.
Слично

Поврзани вести