Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ричард Бренсон: Пензионирањето не е главна цел во животот

Ричард Бренсон: Пензионирањето не е главна цел во животот
Милијардерот Ричард Бренсон кој има неколку успешни компании под Вирџин брендот го критикува актуелниот образовен систем кој ги форсира луѓето брзо да напредуваат до вработување, а потоа им поставува цел дека пензионирањето и обезбедувањето за „стари“ години е најважното.
„Не верувам дека пензионирањето треба да биде врвната цел во животот. Според мене најважно е да учите и да се развивате, да се трудите и да напредувате постојано, да не се задоволувате со зададените рамки.
Без оглед што Бренсон има 66 години, обезбедено богатство и моќен бренд тој и понатаму има голема пасија за нови бизниси и авантури.   Ваквиот однос можеби е и клучен за неговиот успех бидејќи на 16 години го напуштил училиштето за да ја основа првата компанија и започнал од „нула“. Што мислите вие за оваа животна и бизнис философија.
Слично

Поврзани вести